Top Sport

Роналдињо демантира дека ќе се жени со две жени

Роналдињо Гаучо ги демантирал пишувањата на медиумите, дека во август, во ист ден ќе се ожени со две жени.

Прославениот бразилски фудбалер, наводно требало да „застане на лудиот камен“ со Прискилја Коељо и Беатрис Соуса. Овие наводи, што вечера, ги пренесоа светските медиуми, тој ги демантира во разговор за „Глобо еспорте“.

„Тоа е најголемата лага што сум ја слушнал. Нема да се женам“, рекол Роналдињо.

Поранешната ѕвезда на Барселона, со овие две жени, од декември минатата година живее заедно во својата луксузна куќа вредна пет милиони евра.

Роналдињо е во долгогодишна врска со Прискилја, додека со Беатрис е во врска ос 2016 година.

Медиумите пишуваат дека неговите девојки добиваат џепарлак од две илјади евра секој месец.

Освојувачот на светското првенство со Бразил во 2002 година, во кариерата настапувал за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куаретеро и Флуминенсе. За Бразил одиграл 97 натпревари и постигнал 33 гола.

Scroll to Top