Фудбалската репрезентација на Русија на најдобар начин го искористи ремито на Хрватска со Словачка и со победата од 2-1 нагости кај Словенија го презема првото место во групата со големи шанси за директен пласман на Мундијалот во Катар идната година.
Русите до крајот на квалификацискиот циклус на домашен терен играат против Кипар и гостуваат кај директниот конкурент – Хрватска.
Легендата на рускиот фудбал, актуелниот селектор кој одигра 72 меча во дресот на „Зборнаја“ – Валериј Карпин знаеше како сето тоа да го прослави, со танц во соблекувалната.
ДАННАЯ ПУБЛИКАЦИЯ СОГЛАСОВАНА С ГЛАВНЫМ ТРЕНЕРОМ. ДИНАМИКИ НА МАКСИМУМ ? pic.twitter.com/X4TcjnT1N9
— Сборная России (@TeamRussia) October 12, 2021
Рускиот селектор стигна на оваа функција на крајот на јули годинава, а дојде како замена на Станислав Черчесов кој се повлече од функцијата.
Денешните информации, директно од првиот човек на рускиот фудбал, се дека со сигурност Карпин ќе добие нов договор доколку Русија избори пласман на СП во Катар.