Актуелниот шампион Рафаел Надал вели дека воопшто не му е грижа што неговиот најголем ривал Роџер Федерер нема да игра на Франција опен и посочува дека главниот фокус е освојување на 12-тата титула на славните терени на Ролан Гарос.
Федерер, кој стигна до својот 20. гренд слем трофеј на Австралија опен во јануари, реши да го прескокне Ролан Гарос втора сезона едноподруго за да се фокусира на турнирите на трева и на одбраната на трофејот од Вимблдон.
Надал, кој претходно изјави дека Федерер се плаши да игра со него на земја, беше запрашан дали победата на Ролан Гарос ќе значи помалку без Швајцарецот.
„Исто. Да бидам искрен. Сосема исто. Не можам да кажам дека победата над Федерер во 2009 кога бев повреден или победата над Новак Ѓоковиќ во 2016 кога исто така бев повреден не беа прекрасни. Тоа не би било фер. Меѓутоа кога јас победувам, а другите не играат поради некоја причина, тоа е тоа. Лоши вести за турнирот, но не и за мене ако победам. Победата вреди исто“, вели Надал, кој ќе наполни 32 години во текот на турнирот кој стартува во недела.
16-кратниот гренд слем шампион пред Ролан Гарос победи на турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим, со единствен пораз во четврт-финалето на Мадрид опен од Австриецот Доминик Тим.
Фото: ЕПА