Top Sport

Кин: На Погба му требаат поодбри соиграчи во Јунајтед

Пол Погба не може да го покаже својот талент во Манчестер јунајтед бидејќи во клубот е опкружен со просечни играчи, вели легендата на „ѓаволите“, Рој Кин.

Французинот Погба е постојано мета на критики од неговото враќање во Јунајтед во летото 2016 за тогаш рекордни 105 милиони евра. Кин, кој 12 години беше капитен на клубот од „Олд Трафорд“ во слична улога како Погба, вели дека 25-годишниот фудбалер изгледа лошо поради неговите соиграчи.

„Мене тој ми се допаѓа, се работи за добар играч, за добро дете. Потребна му е помош од тие околу него, добри влијанија на тренингот. Јас имав среќа кога бев фудбалер што покрај мене секогаш имаше добри момци, ветерани кои ми покажаа некои работи. Погба го нема тоа во Јунајтед“, смета Ирецот.

Тој, сепак, предупреди дека Погба, како и целиот Јунајтед мора да се многу подобри следната сезона.

„Дали можеше да има подобра сезона? Најверојатно. Обично добрите фудбалери се најголемите критичари. Кога ќе играш за Манчестер јунајтед и нема да освоиш титула, нормално е да сметаш дека си потфрлил“, додава Погба.

Фото: ЕПА

Scroll to Top