Манчестер јунајтед потврдија дека Рафаел Варан ќе биде во аут „неколку недели“ откако Французинот се повреди во финалето на Лигата на нации против Шпанија, каде што неговиот тим триумфираше со 2:1.
28-годишниот Варан пристигна ова лето на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид како големо засилување во одбраната, но сега покрај него, Оле Гунар Солскјер уште не може да смета на капитенот Хери Мегваер, кој се опоравува од повредата и тешко дека ќе биде достапен за мечот против неговиот поранешен клуб, Лестер во сабота.
Покрај мечот со Лестер, на „ѓаволите“ им следува и пеколен распоред во следните неколку недели – тие играат со Ливерпул и Манчестер сити во Премиер лигата и имаат два меча од Лигата на шампионите против Аталанта.