Крис Фрум покажа дека е најдобриот велосипедист на светот, откако со неверојатен напад на 19. етапа на Џиро Д’Италија ја грабна лидерската розева маичка од својот сонародник Сајмон Јејтс во пресврт како што ретко се гледа во елитните трки.
Фрум нападна на Коле деле Финестер на 80 километри пред крајот на етапата, оставајќи го зад себе лидерот Јејтс (Мичелтон Скот), додека актуелниот шампион Том Думулин (Санвеб) и Французинот Тибо Пино (ФДЈ) влегоа во групата која се обиде да го „фати“ четирикратниот шампион од Тур де Франс за на крајот да заостанат една минута на снежниот врв, а Јејтс беше дури 15 минути зад нив.
Yes! Bravo @chrisfroome! #Giro101 #Giro pic.twitter.com/SNINnnJSX2
— Giro d’Italia (@giroditalia) May 25, 2018
Фрум потоа го зголеми водството во надолнината и на искачувањето до Сестриере, пред последното искачување да го почен со толку голема предност што веќе беше јасно дека е нов лидер на трката.
Фрум на крајот имаше 3 минути предност пред второпласираниот Ришар Карапаз (Мовистар), додека Думулин беше само петти со 3:23 послабо време зад Пино и Мигуел Анхел Лопез. Фрум сега има 40 секунди предност пред Думулин на само две етапи до крајот на трката, а исто така е лидер и во „маља аѕура“ конкуренцијата за крал на планините.
Фрум, кој трката ја започна во сенка на истрагата по неговиот позитивен тест на салбутамол од септември 2017, ако победи на Џирото ќе стане носител на трите големи трки, откако лани триумфираше по четврти па на Тур де Франс, и по првпат на Вуелта Еспања.
Дел од фановите сакаа да го испровоцираат Фрум на искачувањето, откако еден беше облечен како доктор, а друг носеше огромен инхалатор за астма (поради која Фрум користи салбутамол).
Chris froome being chased by a giant inhaler ? #GiroDItalia #Giro pic.twitter.com/CTnJqFghjs
— Joe (@jrh_19) May 25, 2018