Top Sport

Бекам го „моли“ Зидан: Победете го Ливерпул!

Легендата на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам побара од неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан да го победат Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.

Иако многу англиски фанови ќе навиваат за Ливерпул во саботното финале, Бекам јасно ќе биде на другата страна бидејќи во кариерата играше за Реал, но и за вечните ривали на Ливерпул, Манчестер јунајтед.

Во видео објавено на официјалниот Јутјуб канал на Реал Мадрид, поранешниот англиски капитен имаше директна порака за тренерот на клубот.

„Да се биде успешен како играч и сега успешен како голем шеф, е навистина неверојатно. Само ќе му посакам на Зизу, шефот, претседателот и клубот многу среќа во финалето на Лигата на шампионите. И, ве молам, победете го Ливерпул“, вели Бекс.

По слабата сезона во Шпанија, „Лос бланкос“ се очајни за трета победа во низа во Лигата на шампионите и Бекам знае дека на „Сантијаго Бернабеу“ се цени само европската титула.

„Има одредени клубови во Европа и во светот кои имаат посебни односи со големите натпреварувања. Кога си играч на Реал Мадрид, Лигата на шампионите е нешто посебно. Атмосферата е поинаква, фановите се поинакви и има големи очекувања да се стигне до титулата“, додава Бекам.

Scroll to Top