Тео Ернандез ги зголеми кадровските проблеми во кои се наоѓа Милан. Левиот бек е позитивен на коронавирусот. Претходно, Милан објави дека голманот Мењан мора да го оперира зглобот и дека ќе отсуствува ве до три недели.
Ернандез, изминатите седум дена беше со француската репрезентација на завршниот турнир во Лигата на нации. Тој го постигна победничкиот гол во 90.минута, во полу-финалето против Белгија, потоа Франција во финалето ја победи Шпанија.
Клубот соопшти дека, Ернандез се чувствува добро и дека е во изолација. Очекуваат да се врати на терените за две недели.
Покрај Ернандез и голманот Мењан, Милан во наредниот период ќе биде и без повредените Алесандро Плизари, Давиде Калабрија, Алесандро Флоренци, Темуе Бакајоко, Раде Круниќ, Жуниор Месијас и Златан Ибрахимовиќ.