Top Sport

Едер Милитао го пропушта Ел Класико

Едер Милитао ќе го пропушти дербито со Барселона. Дефанзивецот се повреди на натпреварот со Колумбија, во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.

Милитао го напушти кампот на репрезентацијата и се врати во Мадрид. По дополнителните прегледи ќе биде познато колку време ќе му биде потребно за рехабилитација.

Шпанските медиуми тврдат дека тој нема да биде подготвен за настап на 24.октомври кога ќе се одигра Ел Класико во Барселона. Исто така тој нема да игра и против Шахтјор во Лигата на шампионите.

Scroll to Top