Хари Кејн, најдобриот напаѓач во Премиер лигата, нема да игра во дербито на колото во кое Тотенхем ќе му гостува на Манчестер Јунајтед.
Кејн кој оваа календарска година ги тероризира противничките голмани, се повреди минатиот викенд во дербито со Ливерпул. Англискиот репрезентативец против Ливерпул постигна два гола, во победата на Тотенхем 4:1.
Кејн оваа сезона игра во неверојатна форма, веќе има постигнато осум гола во Премиер лигата, а на табелата ја дели втората позиција со Манчестер Јунајтед.
Интересно, минатата сезона Тотенхем без Кејн одигра осум натпревари, три пати ремизираше и забележа пет победи со гол разлика 13:5.
Дуелот на „Олд Трафорд“ , Манчестер Јунајтед-Тотенхем ќе започне во 13:30 часот.