Поранешниот француски фудбалер, Самир Насри, настапи со на хуманитарен натпревар. Многумина не можеа да го препознаат еден од најталентираните фудбалери во својата генерација.
И покрај тоа што замина во пензија пред еден месец, 34-годишникот на теренот изгледаше како ветеран, со најмалку 10 килограми повеќе.
Samir Nasri (34) pic.twitter.com/pvReSCKtyy
— Arsenal Centro (@ArsenalCentro) October 13, 2021
Насри кариерата ја започна во Олимпик Марсеј, славата ја стекна в Арсенал и Манчестер сити, чии дрес го носеше шест сезони. Во кариерата бил играч на Севилја, Анталија, Вест Хем и Андерлехт.