Барселона и младиот фудбалер Педри (18) официјално потпишаа нов договор до летото 2016 година, а во него е запишана откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Играчот од средниот ред последните неколку месеци стана еден од главните играчи на Каталонците, но и на шпанската фудбалска репрезентација.
Според „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 80 милиони евра.
Освен Педри, ваква клаузула имаат и Федерико Валверде и Карим Бензема, играчите на Реал Мадрид.
Следуваат Давид Алаба (Реал) – 850 милиони евра, Антоан Гризман (Барса, на позајмица во Атлетико) – 800 милиони евра, Брахим Диаз (Реал, на позајмица во Милан) – 750 милиони евра, Винисиус Жуниор (Реал) – 700 милиони евра.
Педри најпрво брилјираше на ЕУРО 2020, а потоа беше и еден од најзабележителните на ОИ во Токио, со „Фуријата“ стигна до среброто.
Од почетокот на минатата сезона (2020/2021) па до завршувањето на Олимпискиот турнир одигра 73 напревари.