Top Sport

Тајсон Фјури е меѓу 10-те најдобри боксери на сите времиња!

Британскиот боксер Тајсон Фјури со неодамнешната победа против Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во ВБЦ категријата. Тој со нокаут во 11 рунда стигна до 31-та победа во својата богата кариера.

Познатиот портал „DAZN” го смести „Кралот на циганите“ меѓу 10-те најдобри боксери на сите времиња во тешка категорија.

Фјури на тој начин е сместен меѓу Роки Марчиано, Џо Луис, Џорџ Фореман, Џо Фрејзер, Лери Холмс, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Ленокс Луис и Мухамед Али.

Scroll to Top