Григор Димитров и Камерон Нори ја формираа првата полу-финална двојка на мастерсот во Индијан Велс.
Димитров, слично како и во претходната рунда против Медведев, со пресврт дојде до победата. Бугаринот, за два часа и 40 минути, го победи Хуберт Хуркач со 3/6, 6/4, 7/6.
Можеше Димитров порано да го заврши мечот, меѓутоа не успеа во деветтиот гем од третиот сет. На крајот со убедлива игра во тај-брејкот избори пласман во полу-финалето.
Димитров од понеделник ќе биде 21., а Хуркач 10. на АТП листата.
Голем напредок ќе забележи и Камерон Нори. Тој од понеделник ќе биде 20. играч во светот.
Нори, во четврт-финалето, го декласира Диего Шварцман. Нои на Аргентинецот му препушти само два гема. За 74 минути го доби мечот со 6/0, 6/2.