Top Sport

Франција со закон забрани играње фудбал на 5.мај

Францускиот парламент забрани на 5,мај да се играат фудбалски натпревари во земјата. Законот е донесен во чест на жртвите на стадионот Фуријани, во Корзика во 1992 година.

На 5.мај пред 29 години, на стадионот во Бастија, пред почетокот на полу-финалниот натпревар во Купот, помеѓу Бастија и Олимпик Марсеј, се урна една трибина. Во несреќата загинале 18, а повредени биле 2.300 лица.

На забраната, која беше донесена минатата година се противеа Фудбалскиот сојуз на Франција и Фудбалската лига на Франција. Сепак, одлуката кој ја донесе Собранието, вчера ја верификуваше Сенатот.

Забраната се однесува на натпреварите во Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампионите.

Scroll to Top