Претставниците на Душан Влаховиќ објаснија зошто не разговараат за продолжување на договорот со Фиорентина, откривајќи дека клубот одбил 60 милиони евра за него во текот на летниот преоден рок.
Претседателот на Виола, Роко Комисо изјави дека 21-годишниот српски напаѓач одбил да потпише нов богат договор со кој би станал најплатениот фудбалер во историјата на клубот.
„Летово им донесовме на Фиорентина понуда од 60 милиони евра плус бонуси, а имаше договор меѓу нас и клубот кој сакаше да го купи Влаховиќ, но претседателот Комисо не сакаше да слушне. Роко ни одговори дека Влаховиќ му е како син и дека не би го продал на никој начин. Не сакаме продолжување со Фиорентина и затоа не зборуваме со новинарите, ниту со клубот“, се вели во соопштението на неговите агенти.
Комисо пак, изјави дека агентите се најголемиот проблем во фудбалот бидејќи секој фудбалер сака „многу пари“ веднаш по една добра сезона.