Top Sport

Газдите на Њукасл се „смилуваа“, Брус ќе го добие својот 1.000 меч како тренер

Менаџерот на Њукасл јунајтед, Стив Брус вели дека немал разговори за неговата иднина со новите сопственици на премиерлигашот, откако новиот делумен сопственик, Аманда Стевели потврди дека тој ќе го води тимот против Тотенхем во недела.

Ова ќе биде 1.000 меч на Брус како менаџер, и поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед признава дека ситуацијата не била лесна, посебно бидејќи клубот е на претпоследното место на табелата, а како потенцијални замени се јавуваат Лусиен Фавр, Стивен Џерард и Френк Лампард.

„Кој не би сакал да добие шанса да води тим во ваква ситуација? Ќе се обидам да го направам најдоброто за клубот. Засега не добив отказ, но во Премиерлигата тоа секогаш е возможно. Немаше разговори за отказ, иако некои работи се приватни“, вели Брус.

Scroll to Top