Доминик Тим патува на Ролан Гарос со својата 10. титула во кариерата, откако во финалето на Лион опен се врати од сет негатива за 3:6/7:6(1)/6:1 победа над домашниот фаворит Жил Симон, кој одеше на 13. титула во кариерата.
Австриецот стигна до својата 200. победа на АТП турнејата, и сега има 20 победи на земја оваа сезона, со што е дури пред Рафаел Надал. Уште поимпресивно, тој до победата дојде враќајќи се трипати од сет негатива – против Гијермо Гарсија-Лопез во четврт-финалето, и против Душан Лајовиќ во полуфиналето.
За победата Тим добива 250 рејтинг-поени, и 89.435 евра.
Во Женева пак, Мартин Фучович не само што стигна до својата прва АТП титула, туку и стана првиот Унгарец со трофеј по 36 години, откако со 6:2/6:2 го совлада Германецот Петер Гојовчик во меч од 1 час и 8 минути.
26-годишниот Фучович е првиот Унгарец со титула по таа на Балаж Тарочи во Хилверсум, Холандија во 1982 година. Тој исто така станува прв Унгарец во топ 50, како и 89.435 евра за победата.