Јувентус ја победи Рома со 1:0 во дерби мечот, одигран во осмото коло, во Серија А. „Страта дама“ со четвртата победа во низа се искачи на седмото место на табелата. Рома остана на четвртото место.
Мечот го реши Моисе Кен во 16.минута. По одличниот центаршут на Де Шиљо, со глава играше Бентакур, а топката од главата на Кен заврши во голот.
Во 44.минута, контроверзен момент. Ејбрахам мина крај двајца играчи, на топката налета Мхитаријан кој беше фаулиран, на топката налета Ејбрахам и постигна гол. Меѓутоа судијата Орсато го поништи голот и покажа на белата точка.
Верету лошо шутираше, Шечсни лесно го одбрани неговиот удар. Францускиот репрезентативец го промаши првиот пенал во кариерата.
Во вториот дел двата тима имаа по една шанса, голманите ги одбранија ударите на Бернардески и Виња.