Барселона ја победи Валенсија со 3:1 во последниот натпревар од деветтото коло во Примера. Каталонците ја забележаа четвртата победа во сезоната и со 15 бодови стигнаа до седмото место на табелата. Валенсија која нема победа на последните пет натпревари остана на деветтото место место.
Барселона со пресврт успеа да ја совлада Валенсија. Гостите го отворија резултатот со голот на Хосе Гаја. Левиот бек од 25.метри упати неодбранлив удар кон Тер Штеген.
Предноста на Валенсија траеше само осум минути, кога израмни Ансу Фати. Во 41.минута асистентот за голот на Фати, Депај реализираше од белата точка.
Во второто полувреме, Валенсија не ги искористи своите шанси, во една ситуација стативата беше сојузник на Тер Штеген. Казаната гостите ги стигна во 85.минута кога Кутињо го постави конечниот резултат.