100 дена пред почетокот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг традиционално е запален олимпискиот пламен. Поради епидемиолошката ситуација свеченоста повторно мина без публика.
Церемонијата се одржа на отворено, во храмот на божицата Хера во древната Олимпија, на Пелопонез. Пламенот беше запален со помош на сончевите зраци, а актерката Санти Георгију ја имаше улогата на свештеничката која го запали факелот.
Факелот потоа ја презеде Ли Џајаџун, освојувач на пет златни медали во брзо лизгање.
Факелот ќе биде транспортиран во Атина, а потоа со авион ќе биде префрлен во Пекинг.
И оваа церемонија не можеше да мине без политички пораки. Демонстрантите барале да се откажат Игрите во Кина, поради политичката ситуација во оваа земја и дискриминацијата кон одредени етнички групи.
Демонстрантите носеле знамиња на Тибет и транспаренти: „Не за геноцидот“.
ЗИО во Пекинг ќе се одржат од 4. до 20.февруари.
Пекинг е првиот град во историјата кој бил домаќин на летна и зимска олимпијада.