Кевин Де Брујне, лидерот на Манчестер сити, во пресрет на натпреварот со Клуб Бриж во Лигата на шампионите, се појави пред новинарите.
Белгиецот, како и многумина во фудбалскиот свет има свој фаворит за Златната топка. Според „Франс фудбал“, главни фаворити покрај неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо се и Карим Бензема, Жоржињо и Роберт Левандовски.
Француските медиуми, но и стручњаците, лобираат нивниот сонародник Бензема да ја доби престижната награда.
„Би требало да го анализирам двегодишниот период и во тој случај би го избрал Роберт Левандовски. Поради головите што ги постигна и поради трофеите што ги освои со Баерн. Во моментов нема подобра во светот од Левандовски“, рекол Де Брујне.