Хрватскиот боксер во тешка категорија, Филип Хрговиќ го „уништи“ чешкиот ривал Павел Шоур со нокаут во првата рунда за своја втора професионална победа и зголемување на надежите дека еден ден може да се бори и за светската титула.
Хрговиќ, кој претходно беше европски шампион од 2015, додека на Олимпијадата во Рио го освои бронзениот медал, дебитираше како професионалец пред месец дена, кога за само минута и пол го нокаутираше Бразилецот Рафаел Зумбано, а сега во германскиот Шверин при крајот на првата рунда со одлично кроше го нокаутираше Шоур.
Во првите две минути од мечот, Шоур беше рамноправен противник, но по фантастичната комбинација, 35-годишниот Чех не успеа да се врати во мечот.
„Одлично. Втор професионален меч и втора победа во прва рунда. Не можеше да биде подобро. Искрено, Шоур ме изненади со неговата вештина, но успеав да го смирам“, изјави Хрговиќ.
#Croatia #Boxing HW Talent Filip Hrgovic 2-0 TKOd Sour 6-0 Friday:https://t.co/lhbdBcIUYE #boxeo #video #ko #kd #boxe @teamsauerland #TTR RT pic.twitter.com/hWy1uzQp0y
— the13thround.com (@the13thround) October 27, 2017