Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, уште еднаш упати жестоки критики до фудбалерите на неговиот поранешен клуб. Манчестер јунајтед, во саботата, беа поразени од Лестер со 4:2. Поразот на „Кинг Пауер“ е втор на последните три натпревари, во Премиер лигата за „црвените ѓаволи“.
„Јунајтед беа ужасни во текот на целиот натпревар. Во второто полувреме ликата беше таква што имав впечаток дека Лестер можат да постигнат гол кога сакаат. Има дупки во играта на Јунајтед, тешки се за гледање кога се толку лоши. Сигурно мислат дека се многу подобри од она што се. како да имате два тима, петмина егоисти напред и петмина позади. Забележувате бројни индивидуални грешки и неповрзан тим. Бедно реагираат по примените голови. Се однесуваат како бебиња. Немаат стил, идентитет, имаат само брилијанти играчи. Мора бргу да ги исправат грешките, во спротивно ќе изгубат многу натпревари“, рекол Невил за „Скај спорт“ и дополнил.
„Оле мора да ги натерат врвните играчи да работат. Напаѓачите на Јунајтед не се организирани, мора да се борат повеќе.Играчите на Сити и Ливерпул се како „бесни кучиња“ и за нив важи констатацијата дека се најдобри во светот. Зошто тогаш да ги поддржиме играчите на Јунајтед кога не работат како напаѓачите на Сити и Ливерпул. Оле мора да го извлече максимумот од нив. Доколку не успее во тоа, на крајот од сезоната ќе има голем проблем“.
Манчестер јунајтед во среда ќе игра против Аталанта, во Лигата на шампионите, а во недела против Ливерпул во Премиер лигата.