Премиерната Ф1 трка во Саудиска Арабија, на 5.декември, ќе се одржи без ограничувања, објавија организаторите. Во продажба ќе бидат пуштени сите билети, и покрај тоа што претходно беше најавено дека ќе биде исполнет само 40 отсто од капацитетот на трибините.
Саудијците подготвуваат вистински спектакл. Ангажирале големи музички ѕвезди, кои ги предводи Џастин Бибер. Покрај него ќе настапат Џејсон Дерул, Дејвид Гета, Асап Роки и Тиесто.
Сите оние кои ќе купат карта за трката ќе можат да присуствуваат на концертите.
Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози во Џеда. Таа ќе биде претпоследна во сезоната. Последна трка е Абу Даби на 12.декември.