Евертон доживеа тежок удар на натпреварот со Вест Хем. „Карамелите“, загубија на домашен терен (0:1) и останаа без најдобриот играч од почетокот на сезоната, Абдулај Докуре.
Фудбалерот кој во Премиер лигата, од почетокот на сезоната, постигнал два гола и забележал четири асистенции, на натпреварот со Вест Хем, доживеал фрактура на метатарзалната коска во стапалото.
Докуре ќе биде опериран и го очекува повеќе неделна пауза.
Повредат на Докуре само ги зголеми проблемите со кои се соочува Рафа Бенитез. Шпанскиот тренер од претходно не може да смета да Доминик Калверт-Луин и Ришарлисон.