Леброн Џејмс е мотивиран пред почетокот на новата НБА сезона, за него 19-та во кариерата. Тој е предводникот на ЛА Лејкерс, еден од тимовите – фаворит за титулата.
„Мотивиран сум затоа што имам шанса да освојам титула. Поради тоа играме. Тоа е едно од најдобрите кратчи чувства кои ги имаш. Буквално, неколку часови подоцна се е готово. И цело време размислуваш како можеш пак да го доживееш. Тоа е дел од мојата мотивација, повторно да го имам тоа чувство“ вели Џејмс.
„Езерџиите“ во текот на летото се засилија со Расел Вестбрук и Кармело Ентони, покрај другите.
„Расел е подготвен, свесен е. Без оглед колку долго се подготвуваш, никогаш не можеш да го разбереш моментот на задоволство се додека не истрчаш од тунелот и станеш `езерџија`. Тоа што ќе играш пред семејството и пријателите во својот град, и тоа не еднаш, дури 41. пат, тоа ќе е посебно за него. Многу сум среќен за него“ истакна Леброн.
Лејкерси во првиот сезонски натпревар го дочекува Голден Стејт Вориорс во „Стејплс центар“ утре рано наутро.