Top Sport

Мареј: Не очекував дека Нори ќе го освои Индијан Велс

Британецот Енди Мареј и по поразот на местерс турнирот во Индијан Велс продолжи со натпреварувањето оваа сезона, него уште на стартот на турнирот од Серија 250 во белгиски Антверпен има тешка задача, борба против Американецот Френсис Тијафо.

Сепак, Енди вели дека отсекогаш сакал да игра на овој турнир.

„За овој турнир ме поврзуваат добри сеќавања. Тоа што успеав да освојам титула со вграден метален колк е неверојатна работа, не го очекував тоа, а тогаш се испостави дека се уште не сум во состојба да се натпреварувам на највисоко ниво. Ситуацијата сега е поинаква. Физички сум добро, мојот тенис е добар и би можел да имам сјајна недела“ рече Мареј.

Тој е убеден дека ќе игра се подобро.

„Победив некои навистина добри тенисери изминатите месеци. Тренирав многу со Нори и добро се чувствувам. Во позиција сум да добијам тешки мечеви. Нори е сјаен пример како работата се исплатува. Имав среќа да поминам многу време со него и знам колку напорно работи. Не очекував дека ќе слави во Калифорнија. Имаше сјаен турнир, одлична недела, но повеќе го ценам тоа што беше константен во текот на целата сезона. Влезе во топ 20“ заклучи Мареј.

Scroll to Top