Каталонскиот весник „Ел насионал“ тврди дека фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско е подготвен по крајот на неговиот договор следното лето, да го смени „Сантијаго Бернабеу“ со „Ноу Камп“ во сензационален трансфер.
Иско се мачеше со минутажата под претходниот тренер Зинедин Зидан, но ниту под Карло Анчелоти нема многу време на теренот – има само два старта во Ла лига, а шпекулациите во Шпанија велат дека не е во најдобри односи ниту со своите соиграчи.
Доколку се случи овој трансфер, 29-годишниот Иско би станал првиот фудбалер кој направил трансфер од Реал во Барса по Хавиер Савиола пред 14 години.
Иско веќе осум години е во Реал, за кои има 52 гола и 56 асистенции во 342 настапи, а освои и четири трофеи од ЛШ и две од Ла лига. Но, неговата љубов кон Барса не може да се скрие – се појавија фотографии на кои носи дрес на Барселона, а неговото куче се вика Меси.