Top Sport

Солскјер вели дека погрешно го разбрале за Рашфорд

Оле Гунар Солскјер мораше да ја дообјасни својот коментар до Маркус Рашфорд за „фудбалот да му биде приоритет“, седејќи покрај англискиот напаѓач на прес-конференција пред мечот од Лигата на шампионите.

Рашфорд даде гол во својот прв меч оваа сезона, откако влезе 25 минути при 4:2 поразот од Лестер, но во англиските медиуми главна тема беше коментарот на Солскјер дека Рашфорд покрај неговите кампањи за борба против детската сиромаштија, мора да се фокусира на фудбалот.

Сега, тој вели дека медиумите намерно направиле голема работа од еден мал коментар.

„Прво да го тргнеме слонот од собата. Сите сме горди за тоа што го направи Маркус. Вие направивте наслови од еден мал коментар и не сакав фокусот да биде на тоа“, вели Солскјер.

Солскјер: Дојде време Рашфорд да се фокусира на фудбалот

 

Scroll to Top