Бекот на Јувентус, Леонардо Бонучи вели дека клубот мора да го врати „духот кој го имал пред доаѓањето на Кристијано Роналдо“, во интересен коментар за својот поранешен соиграч.
Пред утрешниот меч од ЛШ против Зенит Санкт Петерсбург, тој открива дека за малку ќе заиграл за рускиот клуб, но зборуваше и за одлуката на Кристијано Роналдо да замине ова лето и да се врати во Манчестер јунајтед.
„Роналдо направи избор кој го почитувавме. Лани тимот играше за него, сега групата мора да го врати тој дух на Јуве кој беше со нас пред неговото пристигнување. Мораме да се адаптираме“, вели Бонучи.
Италијанецот признава дека пред една деценија ќе заиграл за Зенит.
„За малку ќе отидев во Зенит пред 10 години. Антонио Конте ми порача дека сум последен на листата на неговите дефанзивци и да си побарам друго сместување. Зборувавме со Зенит, но решив да ја послушам мојата гордост и да останам“, додава Бонучи.