Првиот човек на Арсенал, Микел Артета останува бесен што фудбалерот на Кристал палас, Џејмс Мекартур не доби црвен картон за бизарниот старт над Букајо Сака, за што судијата Мајк Дин му додели само жолт картон, додека менаџерот на Палас, Патрик Виера студено одговори дека „не го видел“ инцидентот.
„Ако мораме да ги фатиме најважните работи во еден фудбалски меч, вакви инциденти не можат само да поминат. Не е исправно. Јасно беше дека требаше да биде црвен картон, а Букајо морав да го повлечам на полувреме. Уште не ми е јасно како тоа не беше црвен картон“, вели Артета.
Патрик Виера беше студен: „Не видов ништо“.
McArthur deadass just volleyed Saka and var didn’t even check pic.twitter.com/bIj0lSVtrw
— MH ⁷???????? (@7Mcfcmax) October 18, 2021