Top Sport

Стив Брус се раздели со Њукасл и го најави пензионирањето: Ова беше неиздржливо

Стив Брус, спогодбено се раздели со Њукасл јунајтед и најави заминување во пензија. Менаџерот кој го предводеше Њукасл јунајтед од јули 2019 година, разделбата со клубот ја наплати со 10.000.000 евра.

Брус, во неделата, го одработи 1.000 натпревар во кариерата. Њукасл јунајтед загубија од Тотенхем со 3:2. Овој пораз не беше пресуден 60-годишникот да добие отказ. Новите сопственици, по преземањето на клубот, најавија дека ќе бараат нов тренер.

„Мислев дека се можам да истрпам, но беше неиздржливо. Не ме сакаа, ми говореа дека нема да успеам, дека тактички сум неспособен…Од првиот ден беше така“, рекол Брус и продолжил.

„Мислам дека ова ми беше последната работа во кариерата. Не е до мене, ова е напор за което семејство. Од првиот ден во Њукасл мо беше многу, многу тешко. Кога резултатите беа добри говореа дека стилот што го негуваме е ужасен или дека сме имале среќа. Не бев добар дури и кога работите за клубот беа добри“.

Стив Брус ги предводеше Њукасл јунајтед на 97 натпревари, во нив освоил во просек 1,15 бодови.

Scroll to Top