Top Sport

„Не разбирам зошто Влаховиќ ја одби Фиорентина“

Поранешниот фудбалер и тренер на Фиорентина, Франческо Грацијани, смета дека Душан Влаховиќ не заслужува договор каков што му понуди клубот. Влаховиќ ја одби понудата на Фиорентина, договор на пет години за 40 милиони евра, има желба да се пресели во поголем клуб.

Грацијани, истакнува дека доколку продолжи вака да се однесува, нема да стигна до двоцифрен број на голови.

„Потребно е да се седне и да се разговара со Влаховиќ. Потребно е да му се предложи повторно договор од четири или пет милиони. Не ми е јасно зошт ги одби она што му го понуди Фиорентина. Договор со такви цифри за напаѓач кој одигра добро само една сезона. Оваа сезона, еден гол од игра и три од пенал…Тоа не се бројки со кои треба да добие астрономски договор. Ако продолжи вака сезонава нема да постигна десет гола“, рекол Гарцијани за „Кориере дело Спорт“.

Душан Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година. Медиумите во Италија шпекулираат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Scroll to Top