Њукасл јунајтед ќе бидат активни на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок. На тимот му се потребни засилувања за да избори опстанок во Премиер лигата. Со доаѓањето на новите газди многу имиња се поврзуваат со клубот од „Сент Џејмс парк“.
Права мета на Њукасл е напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин. Челниците на Њукасл ги започнале преговорите со колегите од „Гудисон парк“.
Англискиот репрезентативец има договор со Евертон до 2025 година. Неговата вредност, според „Трансфермаркт“ изнесува 45 милиони евра. Медиумите на Островот тврдат дека Њукасл биле подготвени да понудат помеѓу 80 и 90 милиони евра.
Покрај Калверт-Луин, Њукасл во јануари, планира да донесе и двајца играчи на Барселона, Усман Дембеле и Фелипе Кутињо.