Top Sport

Анри: Најтежок противник? Тарибо Вест

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс, синоќа беа стручни коментатори на „Скај спорт“, за натпреварите во Лигата на шампионите. Во текот на паузата, одговараа на прашањата поврзани со нивните кариери.

Тројцата одговориле на прашањето против кој играч им бил најтежок противник?

Карагер рекол „Анри“, Ричардс „Герет Бејл“, а Анри „Тарибо Вест“.

„Пол Сколс и како директен ривал од минатото Тарибо Вест. Интер, Оксер…Беше специјалец за чување на противник, секаде ве следи, дури и во соблекувалната“, рекол Анри.

Ричардс и Карагер само констатирале: Тарибо Вест, Нигерија“.

Анри и Вест беа ривали неколку сезони во француското првенство, како играчи на Монако и Вест. Потоа ривалството краток период се префрли во Италија додека играа за Јувентус и Интер.

Scroll to Top