Top Sport

„Десетката“ не притиска туку мотивира

Ансу Фати го продолжи договорот со Барселона. Договорот важи до јуни 2027 година. Откупната клаузула е поставена на 1.000.000.000 евра. Неколку дена претходно под исти услови, договорот, со Барселона го продолжи и Педри, а наскоро се очекува тоа да го направи и третиот голем талент, Гави.

Анту Фати, неодамна се врати во тимот, откако една година паузираше поради повредата на коленото. Со заминувањето на Лионел Меси, клубот му ја додели „десетката“.

„Бројот 10 не претставува притисок туку мотивација. Никој не може да биде како Меси, или како Пујол и Чави. Јас ќе одам по мојот пат. Можеше „десетката“ да ја добие некој друг, за среќа дојде кај мене. Благодарен сум им на капитените што ми ја понудија“, рекол Фати на денешната прес конференција.

Минатата недела поранешниот претседател на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, откри дека минатото лето одбил 150.000.000 евра од еден англиски клуб за Фати.

„Од првиот ден на мојот менаџер му кажав дека сакам да остана тука. Можеби имав понуди, но секогаш знаев дека сакам да растам и да успеам во Барселона“.

Каталонците и Фати, во недела ги очекува најголемото дерби, на „Ноу Камп“ ќе гостува Реал Мадрид.

Scroll to Top