Натпреварот Партизан-Гент (0:1), во Конференциската лига, имаше и трето полувреме. Откако заврши натпреварот црвен картон доби тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ, жолт капитенот на тимот Лазар Марковиќ.
Партизан одигра лош натпревар, го заслужи поразот од Гент, а по се изгледа тренерот за поразот го обвини шкотскиот судија Боби Маден.
По завршувањето на натпреварот, жестоко протестираше, првиот пат Маден не реагираше, а откако замина и се врати да продолжи со протестите Маден му покажа црвен картон.
На прес конференцијата Станојевиќ се правдаше дека ништо не му рекол на судијата, туку вториот пат тргнал кон него со намера да се ракува со него.
„Недоразбирање. Ништо не му кажав, само тргнав да се ракувам со судијата. Тој реагираше, јас му одговорив и толку. Немав замерки на судењето. Толку“, рекол Станојевиќ.
Партизан за две недели ќе гостува во Гент, Станојевиќ сигурно ќе го пропушти овој меч поради црвениот картон.