Top Sport

Шоу на Стеф Кари, совршена четвртина и 45 поени против ЛА Клиперс

Голден стејт Вориорс, на почетокот на сезоната во НБА лигата, ја забележаа вотрата победа против екипите од Лос Анџелес. По победата над Лејкерси, Вориорс, ги победија и Клиперси. Во драматичната победа 115:113 блескаше Стеф Кари, кој ја најави кандидатурата за МВП на сезоната.

Играта на Кари, во првата четвртина, долго ќе се прераскажува. Бекот на Вориорс одигра совршена четвртина, шутиратше 9/9, постигна пет тројки. Четвртината ја заврши со 25 поени, два помалку од целиот тим на Клиперс.

И покрај тоа што Вориорс имаат предност од 17 поени по првата четвртина (44:27), до победата дојдоа во пенал завршницата.

Кари мечот го заврши со 45 поени и 10 скокови, Ендрју Вигинс постигна 17, Дејмон Ли 11 поени, а Немања Бјелица за 17 минути забележа шест поени и шест скока.

Клиперси ги предводеа Пол Џорџ со 29 поени, 11 скокови и шест асистенции, Ерик Бледсо со 22 поени и Ивица Зубац со 14 поени.

Scroll to Top