Ерик Ботхајм, синоќа, беше режисерот на најтешкиот пораз што го доживеал Жозе Мурињо во тренерската кариера. Во Конференциската лига, Бодо Глимт ја победи Рома со 6:1. Ботхајм, постигна два гола и забележа три асистенции.
Ботхајм е талентиран 21-годишен фудбалер, добар пријател со најпопуларниот норвешки фудбалер, Ерлиг Халанд. Заедно настапувале во младинските селекции на Норвешка. Кога не играле фудбал, овие двајца заедно со уште еден пријател-фудбалер, Ерик Тобијас Сандберг, рапувале во групата „Флоу Кингс“.
Како тинејџери, снимале бизарни песни, правеле и видео спотови за песните.
Кога Халанд стана славен, како еден од најдобрите напаѓали во светот, порасна и популарноста на бендот. Еден од нивните спотови на каналот „Ју-тјуб“ има преку осум милиони прегледи.