Top Sport

Ливерпул и Сити ќе „војуваат“ за потписот на Влаховиќ

Ливерпул и Манчестер сити ќе се тркаат за потписот на српскиот напаѓач, од Фиорентина, Душан Влаховиќ, тврди локалниот весник „Ла Насионе“.

Влаховиќ го привлече вниманието на големите европски клубови откако одби да го продолжи договорот со Фиорентина, кој му истекува во јуни 2023 година. Наредното лето е последна шанса Фиорентина да заработи од неговиот трансфер.

Јирген Клоп има желба да ја засили напаѓачката линија на Ливерпул, додека Пеп Гвардиола мора да донесе напаѓач. Класична „деветка“ во Сити е само Габриел Жесус.

Сигурно е дека Фиорентина нема да го продаде напаѓачот за помалку од 70 милиони евра.

Инаку, италијанските медиуми го поврзуваат Влаховиќ со Јувентус.

Scroll to Top