Рајо Ваљекано, по две сезони во втората шпанска фудбалска лига се враќа во елитната лига. На коло до крајот на натпреварите во Сегунда, Рајо Ваљекано, стекна недостижна предност во однос на конкурентите. Претходно, место во Ла Лига, прв пат во клупската историја избори Уеска.
Рајо Ваљекано, во претпоследното коло, на домашен терен успеа да слави со 1-0 против Луго. По завршувањето на мечот фудбалерите и навивачите на Рајо знаеја да го прослават враќањето во ла Лига.
Со враќањето на Рајо во Ла Лига, градот Мадрид од наредната сезона ќе има пет екипи во елитното друштво. Покрај Рајо Ваљекано од Мадрид се и великаните Реал и Атлетико, односно Хетафе и Леганес.
За третото место и пласман во Ла Лига, низ плеј-офот, ќе се борат Спортинг Хихон и Сарагоса кои веќе изборија место во разигрувањето, односно Кадиз, Ваљадолид, Осасуна, Нумансија и Овиедо.
Спортинг и Сарагосе се сигурни на позициите три и четири пред плеј-офот, додека за петтото и шестото место конкурираат Кадиз, Ваљадолид, Осасуна, Нумансија и Овиедо.
Од Сегунда испаднаа Лорка, Севилја Б и Барселона Б, додека Ла Лига ја напуштија Малага, лас Палмас и Ла Коруња.