Поранешниот шампион од црвената земја во Париз, Стен Вавринка загуби во првото коло на Ролан Гарос, по поразот во пет сета од 6:2/3:6/4:6/7:6(5)/6:3 од Шпанецот Гијермо Гарсија-Лопез.
Швајцарецот, кој го крена Купот на мускетарите во 2015 година, водеше со 2:1 во сетови, но не успеа да го издржа темпото откако го загуби четвртиот сет во тај-брејк. Вавринка беше 23. носител во Париз, но се врати на тенисот по двете операции на коленото минатото лето.
Уште еден поранешен шампион, Новак Ѓоковиќ, немаше вакви проблеми и со 6:3/6:4/6:4 рутински го совлада Бразилецот Рожерио Дутра да Силва на стадионот „Филип Шартие“.
12-кратниот гренд слем шампион, кој имаше „нестабилен“ кам-бек на тенисот оваа година, сега игра со подобриот од дуелот на Давид Ферер и Хауме Мунар.
Фото: ЕПА