Севилја објавија дека Пабло Мачин ќе биде нивниот нов тренер, откако минатата сезона ги предводеше новаците Џирона до 10. место во Ла лига, откако го презеде клубот во 2014 година.
„Со неговиот карактеристичен 3-5-2 систем, Мачин креираше свој печат на модерниот фудбал и ќе помогне да се засили тимот кој е вклопен во европските натпреварување и подготвен за борба во сите натпреварувања“, се вели во соопштението на Севилја.
Италијанецот Винченцо Монтела, откако го предводеше андалузискиот клуб до четврт-финале од ЛШ, беше отпуштен во април по 5:0 поразот од Барселона во финалето на Кралскиот куп.
Жоакин Капарос беше преоден тренер и со Севилја заврши на седмото место на табелата, пред да стане спортски директор на клубот.
Мачин, кој доаѓа со двегодишен договор во Андалузија, се пензионираше како фудбалер на Нумансија на само 23 години поради повреда, по што работеше во тој клуб пред да дојде во Џирона.
Фото: ЕПА
We are delighted to announce that our new manager will be Pablo Machín ✍️
Welcome to #SevillaFC, @pablomachindiez!
All the info ➡️ https://t.co/bnYAxX0KUC #BienvenidoPablo #vamosmisevilla pic.twitter.com/Jb3RtNOW90
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) May 28, 2018