Летесенбет Гидеј постави светски рекорд во полумаратон. Атлетичарката од Етиопија, во Валенсија, забележа време 1:02.52 часа.
Ова остварување на Гидеј е за повеќе од една минута подобро од претходниот рекорд на Рут Чепнгетич (1:04.02 минути).
Гидеј е актуелната светска рекордерка на 5.000 ,метри (14:06.62) и 10.000 метри (29:01.03).