Марио Балотели повторно е дел од фудбалската репрезентација на Италија. Напаѓачот, голот што го постигна против Саудиска Арабија, му го посвети на починатиот капитен на Фиорентина Давиде Астори.
„Знам дека е доцна и дека си веќе таму некаде, но убеден сум дека ме гледаше одозгора заедно со мојот татко. Овој гол, иако не претставува ништо и не му значи на никого, ти го посветувам тебе“, напишал Балотели на својот профил на Инстаграм.
27-годишниот напаѓач по четири години се врати во националниот тим. Италија ја победи Саудиска Арабија со 2:1, на селекторското деби на Роберто Манчини. Балотели го постигна првиот гол на натпреварот.