Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ вчеравечер официјално почна во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Вкупно 32 екипи од различни градови од земјава учествуваат на седмиот по ред турнир што ќе трае до 15 јуни. Натпреварите се одржуваат секој ден во периодот од 17:30 до 23:00 часот.
Оваа година турнирот го организира здружението КБС 2012, а Општина Аеродром е покровител. Наградниот фонд изнесува 300.000 денари.