Пол Погба во јануари сака да го напушти Манчестер јунајтед. Договорот на Погба со Манчестер јунајтед истекува по завршувањето на сезоната.
Преговорите на релација Погба-Јунјатед, неколку месеци не се во застој. Јасно е дека тој нема да остане на „Олд Трафорд“. По дебаклот од Ливерпул (0:5), францускиот репрезентативец, побарал од клупските челници да го продадат во јанурскиот преоден рок, тврдат медиумите во Англија. во неделата, доби црвен картон во дебаклот од Ливерпул (0:5).
Погба во неделата одигра нецели 20 минути, поради црвен картон пред време го заврши натпреварот.
Медиумите шпекулираат дека Погба им се понудол на Реал Мадрид и ПСЖ. Интересот за него не го крие и Јувентус, но прашање е дали овој клуб може да ги испрати неговите финансиски барања.
Пол Погба од Јувентус, во 2016 година, се врати на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед за трансферот издовија 105.000.000 евра.