Тибо Куртоа дефинитивно нема да биде во составот на Реал Мадрид против Осасуна. Белгиецот, го повреди коленото во дербито против Барселона. Повредата не е серизна, но тренерот Карло Анчелоти, реши да го одмори првиот голман.
Голот на Реал, против Осасуна, ќе го брани Украинецот Андреј Лунин, кој ќе дебитира сезонава.
Реал се наоѓа на второто место со 20 бода, Осасуна има два помалку на петтото место.
Реал ќе ја пречека Осасуна, во среда во 21.30 часот.