Феликс Геце – помладиот брат на некогашната ѕвезда на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, екс-германскиот репрезентативец Марио Геце се сруши на терен по еден судир со напаѓачот на германски Дуизбург, при што загуби свест. Правовремената реакција на голманот на Дуизбург, Лео Вајнкауф спречи трагедија.
На синоќешниот меч 22-годишниот фудбалер се сруши на теренот, а противничкиот голман виде што се случи, па веднаш го извлече јазикот на Геце за да не се задуши. Го сврте на страна, а кратко потоа лекарската екипа беше на теренот, и веднаш на носилки беше однесен во болница.
Ситуацијата потсетува на еден од највпечатливите моменти од ЕУРО2020 кога Данецот Кристијан Ериксен се сруши на теренот по претрпениот срцев удар, а напомош му пријде колегата од националниот тим, Симон Кјаер.
Моментот на судирот е на 4.40 на видеото: